Ретко кога еден играч постигнува хет – трик во нашиот фудбал, и во фудбалот воопшто, но кога еден класичен дефанзивец на еден натпревар ќе постигне три гола, е тоа е веќе раритет. Тоа го стори стоперот и капитенот на “лавовите“ Филип Мишевски и тоа во Кратово. Буквално сам го победи Силекс со 1:3. И затоа нема дилеми дека Мишевски е играч на колото според “Спортмедиа“. Покрај него во тимот на колото од Македонија ЃП е и Личина, исто дефанзивец.
Тиквеш ја победи А. Пандев среде Струмица, и затоа во тимот на колото се Давков и Ивановски. Трапановски и Адетунџи во идеалниот тим се од таборот на Шкупи, Максимов од Работнички, како и Додев од Брегалница. Овие последниве тројца постигнаа по два гола. Дадет го постигна тој решавачки гол за Победа во Штип за 2:2, додека Мециновиќ и Игњатов блескаа во тимот на Скопје против Струга ТЛ.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ФИЛИП МИШЕВСКИ
Тим: Македонија ЃП
Роден: 01.11. 1991 во Скопје
Кариера: Работнички, Тиквеш, Скопје, Пелистер, Борец, Македонија ЃП















