Андре Ајев е 30-тиот нов играч во Нотингем Форест сезонава

376

Англискиот премиерлигаш го донесе ганскиот напаѓач Андре Ајев на позајмица до крајот на сезоната. Тој доаѓа од Ал Сад од Катар во редовите на „шумарите“ и е 30-тото нивно засилување, ако се бројат и играчите кои беа ангажирани пред почетокот на сезоната.
Ајев е добро познато име, играше и во Премиер лигата и тоа во Свонси и Вест Хем. Играше и за Фенербахче, а на почетокот на кариерата и за Олимпик Марсеј.
За Гана има 113 настапи.
И покрај големиот број на засилувања Нотингем Форест е на 13-тата позиција на табелата со 21 бод, четири повеќе од опасната зона.

ПретходноЧави горд на една акција на Барселона: Неверојатно, се наежив (ВИДЕО)
СледноСведоците се повлекле – Гринвуд ослободен од сите обвиненија за бруталност