Лидерот Бостон без проблеми против Бруклин (ВИДЕО)

83

Во дуел во кој дури девет играчи имаа двоцифрен број на поени, лидерот на источната конференција во НБА лигата, тимот на Бостон Селтикс триумфираше на домашен терен против тимот на Бруклин Нетс со конечни 139:96. Џејсон Татум имаше учинок од 31 поен и девет асистенции, додека Браун додаде свои 26.

Кај поразениот тим на Бруклин пак, Кајри Ирвинг стигна до 20 поени, додека пак Томас додаде еден помалку. За Селтикси ова беше 37 победа сезонава и сеуште лидерска позиција на Истокот додека пак, Бруклин остана на своите 31. и четврта позиција.

Тимот на Филаделфија пак исто така на домашен терен го зовлада Орландо со конечни 105:94 во меч во кој Џоел Ембид стигна до 28 поени и 11 скока, а неговиот соиграч Џејмс Харден со 26 поени и девет скока. Кај поразениот тим Фултс постигна 18 поени.

Од друга страна пак, мечот помеѓу Детроит Пистонс и Вашингтон беше одложен поради снежната олуја која што се случи во сојузната држава Мичиген и поради приблемите тимот на Детроит да се врати дома по гостувањето кај Далас.

Резултати:

Мемфис – Портланд 112:122

Филаделфија – Орландо 105:94

Бостон – Бруклин139:96

Хјустон – Оклахома 112:106

Минесота – Голден Стејт 119:114 (по продолжение)

Сан Антонио – Сакраменто 109:119

Јута – Торонто 131:128

Феникс – Атланта 100:132

ПретходноДали војната меѓу Ф1 и ФИА може да донесе проблем пред стартот на новата сезона?
СледноАл Ахли во четвртфиналето од Светското клупско првенство (ВИДЕО)