Марсијал се израмни со Дејвид Бекам

261

Ентони Марсијал се израмни со легендарниот Дејвид Бекам по бројот на голови постигнати во дресот на Манчестер Јунајтед. Синоќа тимот од Олд Трафорд стигна до триумф над Нотингем Форест со 2:0 во полуфиналето од Карабао купот, а Марсијал го постигна водечкиот гол.

Ова е негов 85. гол за Јунајтед во неговиот 282. натпревар во сите натпреварувања. На тој начин се израмни со Бекам по бројот на погодоци во историјата на „црвените ѓаволи“. Тие двајца сега ја делат 25-та позиција на вечната ранг-листа.

Сепак, Марсијал и понатаму е далеку од лидерите на листата, на која на чело е Вејн Руни со 253 гола, пред Боби Чарлтон со 249 и Денис Лоу со 237.

 

ПретходноАл Ахли во четвртфиналето од Светското клупско првенство (ВИДЕО)
СледноМакедонија ја доби групата за следните У21 квалификации