Англискиот премиерлигаш го донесе ганскиот напаѓач Андре Ајев на позајмица до крајот на сезоната. Тој доаѓа од Ал Сад од Катар во редовите на „шумарите“ и е 30-тото нивно засилување, ако се бројат и играчите кои беа ангажирани пред почетокот на сезоната.
Ајев е добро познато име, играше и во Премиер лигата и тоа во Свонси и Вест Хем. Играше и за Фенербахче, а на почетокот на кариерата и за Олимпик Марсеј.
За Гана има 113 настапи.
И покрај големиот број на засилувања Нотингем Форест е на 13-тата позиција на табелата со 21 бод, четири повеќе од опасната зона.
Andre Ayew becomes Nottingham Forest’s 30th signing this season! ✍️
Yes, 30th 🤯 pic.twitter.com/HFxxT2o6UL
— ESPN UK (@ESPNUK) February 2, 2023










