Титулата во НЦАА-лигата оди кај Универзитетот Конектикат кон во финалето го совлада Сан Диего стејт со 76-59. За победникот ова петта титулата во последните 25 години, прва од 2014 година.
Тристен Њутн го предводеше шампионскиот тим со дабл-дабл учинок од 19 поени со 10 скока и четири асистенции. Зад него беше Адама Саного со 17 поени и 10 скока, тој беше прогласен и за најкорисен играч на завршниот турнир. На другата страна Кешад Џонсон постигна 14 поени.
Сепак, синоќешното финале остана во сенка на интонирањето на американската химна. Организаторите, сакајќи сè да помине без проблеми и спектакуларно, ја ангажираа Трејси Дајсон да ја изведе американската химна и се чини дека тоа беше лош потег.
Имено, за време на интонирањето на националната химна, Дајсон, која е астронаутка доживе голем број свирежи, а многумина сметаат дека тоа била најлошо изведената национална химна во последните неколку години.
„Ова е срам, хорор“, е само еден од коментарите на фановите на социјалните мрежи.
NASA astronaut Tracy Dyson performs the National Anthem 👏#MarchMadness #NationalChampionship pic.twitter.com/g6eEpAZGz4
— NCAA March Madness (@MarchMadnessMBB) April 4, 2023










