Скопје го урна Шкупи со 1:0 и тоа среде Чаир, а стрелец на голот беше Анид Абази. Фудбалерот на Скопје на овој меч се повреди, но го доигра со што се освоени важни бодови во борбата за зачувување на прволигашкиот статус. Тој беше и играч на колото на редакција „Спортмедиа“.
Абази успешно беше опериран, односно санирана е неговата јаболчна коска. Според проценките, тој ќе биде надвор од терените неколку денови.
















