Ни шампионскиот прстен, ни првото место во основниот дел од сезоната не беа доволни Мајк Буденхолзер да ја сочува работата во Милвоки Бакс. Тимот минатата недела ја завршија сезоната со елиминација од Мајами во првата фаза од плеј-офот, а сега го отпуштија тренерот.
Интересно, во последните четири години оној кој ја освоил титулата добивал и отка, па така Торонто, Л.А. Лејкерс и сега Милвоки ги отпуштаат тренерите. Милвоки со Буденхолзер ја освои титулата во 2021 година, прва после половина век, минатата сезона се сопна во полуфиналето на Истокот, а оваа сезона падна од Мајами.
FOTO> NBA.com










