Пандев продаде 90 отсто од акциите на Академија Пандев за 600.000 евра

24450

Вчера на Македонската берза поминал блок трансакција со акциите на Фудбалскиот клуб академија Пандев од Струмица.

Според податоците од Берзата, во еден наврат, односно во блок трансакцијата, биле продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, по цена по акција од 16.480 денари, или во вкупен износ од нешто над 37 милиони денари, што, пак, е рамно на 603 илјади евра, објави „ФАКТОР.МК

Или, изразено во проценти, тоа значи дека вчера преку берзанска блок трансакција биле продадени 90 отсто од Фудбалскиот клуб Академија Пандев.

Засега нема официјална информација за тоа кој ги купил акциите на македонскиот прволигаш, иако во февруари имаше најави дека италијанско-американската „Брера Холдингс“ сака да ја купи Академија Пандев.

 

ПретходноСопствениците на Сити купија уште еден клуб, веќе имаат 13
СледноЛео Meси се извини за „излетот“ во Саудиска Арабија