ФИБА денеска го објави распоредот на одигрување на мечевите за време на претквалификациските турнири за место на Олимпијадата во Париз.
Македонија својот турнир го игра во Талин, Естонија каде што својот пат го започнува на 12 август со дуелот против Израел. Како дел од првото коло е и дуелот Естонија – Чешка.
На 13 агуст пак, Македонија го игра вториот дуел, оној против Естонија, за да на 15. го заокружиме овој циклус мечеви со дуелот против Чешка.
Првопласираните две репрезентации по трите натпреварувачки денови во групата „А“ во Талин, ќе обезбедат пласман во полуфиналната фаза која ќе се игра во полскиот град Гливице, каде во исто време се закажани натпреварите од групата „Б“ од европската зона.










