АБА: Партизан ја доби „мајсторката“ со Цедевита и закажа финале со Ц. Звезда

232

Кошаркарите на Партизан ја совладаа Цедевита Олимпија во „мајсторката“ од полуфиналето на АБА лигата со 90:71 (24:16, 17:14, 24:23, 25:18) и закажаа финале против лутиот градски ривал, Ц. Звезда.

„Црно-белите“ се пласираа во финалето, но настапот во таа серија е под знак прашалник поради незадоволството на „црвено-белите“ од конкретните термини за финалето. Имено, датумите на финалињата на АБА лигата и Суперлигата на Србија (во која не учествува Партизан) се поклопуваат и се уште не е најдено решение.

Првиот меч во серијата би требало да се одигра на 12 јуни, а предноста на домашен терен би ја имал Партизан.

ПретходноМилвоки Бакс имаат нов тренер
СледноСимеоне ја откри сексуалната формула за успех во Атлетико Мадрид