Младиот фудбалер и досегашен член на тимот на Вардар, Давор Серафимов се сели во тимот на Шкупи.
Десниот бек одигра сериозна улога во влезот на Вардар во ПМФЛ шампионатот вклучувајќи го тука и самиот бараж против Скопје, па тие изведи не останаа незапазени.
Токму затоа, Серафимов летово се сели во еден од најквалитетните клубови кај нас и уште летово ќе има можност да ја оправда довербата со настапите во Европа.
Серавимов е член на младинските репрезентации на Македонија.















