Христијан Поп Антоски и Ристе Лембовски потпишаа договори со „Лавовите“

368

Левиот бек Христијан Поп Антоски и стоперот Ристе Лембовски, двајцата од младинската шампионска генерација потпишаа тригодишен договор со Македонија Ѓорче Петров.

Поп Антоски оваа сезона во младинската лига одигра 21 натпревар и постигна 7 гола и 10 асистенции, за досега за првиот тим има настапувано на пријателски натпревари.

Чест и задоволство ми е што во следните неколку години ќе настапувам за овој клуб. Потпишувањето на договорот ми дава мотивација плус за уште понапорна работа во иднина, за подобри резултати и достигнување на нивото за кое што сум сонувал уште од мали нозе.“, изјави младиот бек.

Ристе Лембовски кој игра на позицијата стопер, но може да игра и заден везен, оваа сезона во младинската лига има одиграно 15 натпревари и постигната 2 гола, за првиот тим има настапувано на пријателски натпревари.

ПретходноАнглија без Белингем и Данк за мечот со Македонија на „Олд Трафорд“
СледноУЕФА го прогласи Родри за играч на сезоната во ЛШ, Квича е најдобар млад фудбалер