Шкендија ја совлада Воска со 1:0 во првото коло од новата сезона во ПМФЛ, а на тој меч се повреди играчот од средниот ред Флорент Рамадани. 22-годишниот фудбалер го напушти мечот после 30 минути. Медицинските прегледи покажаа дека се работи за фрактура на коска (тибијата) на ногата поради што ќе биде во аут од терените меѓу четири и шест недели.
Неговата нога е ставена во заштитна чизма и веќе е почнат процесот на рехабилитација.















