Ѓорческа запрена во полуфиналето во Ираклион

106

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на ИТФ фјучерсот во Ираклион, Грција. Нашата најдобра тенисерка загуби од Русинката Екатерина Макарова со 2-0. Во првиот сет беше неизвесно, се решаваше во тај-брејкот и на крајот Русинката беше поуспешна.
Во вториот сет нашата тенисерка не успее да го следи темпото што го наметна противничката и го загуби со 3-6 и со тоа и мечот.

Во финалето ќе играат Макарова и чешката тенисерка Фрухвиртова, која е прва носителка на турнирот и која во другото полуфинале со 6-3 и 6-3 ја совлада Ромеро Гормаз од Шпанија.

ПретходноБешикташ одбра нов тренер – Бурак Јилмаз издржа само еден месец
СледноМалдини му се враќа на фудбалот, ќе работи во Саудиска Арабија