Во изборот на играчите персоналот во клубот, Клисман Цаке е најдобриот фудбалер на Шкендија за 2023 година. Сосема оправдано ако се знае дека Цаке имаше успешни настапи за тимот кој и не може да се пофали со којзнае каква година. Имено тетовци не ја освоија титулата, и тоа како кикснаа во Европа а есенскиот дел во новата сезона го завршија дури на третото место.
Сепак Цаке одигра квалитетно и затоа е оваа награда:
“Им благодарам на сите во клубот за ова признание. Посебно ми е чест што сум избран од моите соиграчи.Ова е посебен мотив за мене за да продолжам да придонесувам зна најдобар начин за клубот“ изјави Цаке.
Инаку дефанзивецот од Поградец во Шкендија е втора сезона, претходно играше за Струга ТЛ.















