Шкендија го избра Клисман Цаке за најдобар во 2023 година!

448

Во изборот на играчите персоналот во клубот, Клисман Цаке е најдобриот фудбалер на Шкендија за 2023 година. Сосема оправдано ако се знае дека Цаке имаше успешни настапи за тимот кој и не може да се пофали со којзнае каква година. Имено тетовци не ја освоија титулата, и тоа како кикснаа во Европа а есенскиот дел во новата сезона го завршија дури на третото место.

Сепак Цаке одигра квалитетно и затоа е оваа награда:

Им благодарам на сите во клубот за ова признание. Посебно ми е чест што сум избран од моите соиграчи.Ова е посебен мотив за мене за да продолжам да придонесувам зна најдобар начин за клубот“ изјави Цаке.

Инаку дефанзивецот од Поградец во Шкендија е втора сезона, претходно играше за Струга ТЛ.

ПретходноНеверојатно: Велшки клуб казнет со одземање на 141 бодови!
СледноБарак Бахар: Утре против Сити ќе имаме важен гостин, момче кое што Хамас го држеше во заробеништво 52 дена!