Рeал Мадрид веќе подолго време го посакува левиот бек на Баерн и канадски репрезентативец Алфонсо Дејвис (22), а изгледите за реализација на таа зделка во последните месеци станаа поголеми од претходно.
Бекот, кој вреди 70 милиони евра и е еден од најдобрите играчи во светот на својата позиција, има уште две години од договорот со Баерн, а преговорите за нов се заглавени.
Дејвис сака годишна плата од најмалку десет милиони евра, но Баварците во моментов не се подготвени да го исполнат тоа барање. Доколку преговорите се одложат, за очекување е дека во летото 2024 година би можеле да ја искористат можноста за богата заработка на пазарот.
Дејвис оваа сезона одигра 20 натпревари за Баерн и има три асистенции. За клубот од Баварија одигра 173 натпревари, а има осум гола и 28 асистенции.










