Битолски Пелистер на првиот ден од новата 2024 година информираше дека од денес ново засилување за „зелено-белите“ е искусниот крилен фудбалер Вилдан Керим.
Во својата кариера Керим настапуваше во повеќе клубови, покрај Детонит, беше дел и од Гостивар, Вардар, Скопје, Борец, косовските Дукаѓини и Дреница, а имаше настапи и во Турција.










