Буфон со револуционерен предлог: Време е да се зголемат димензиите на головите!

560
ФОТО: www.figc.it

Џиџи Буфон, италијанскиот легендарен голман, еден од најдобрите во историјата на фудбалот, сегашен диртектор на репрезентацијата, има и тоа како интересен предлог.

Би се рекло револуционарен предлог. Имено тој бара да се зголемат димензиите на головите.

Моментално димензиите се 2,44 метри во височина и 7,32 во ширина, и тие димензии не се менуваат од далечната 1875 година, значи точно 150 години.

Постојат расправии околу тоа дали треба да се менуваат димензиите на головите кои се исти од 1875 година. Тогаш во тоа време можеби биле и преголеми, но сега кога ќе видите колкави се голманите е тоа дава повод за размислување. Јас сум бил голман до пред некој месец и знам колчку е тешко да му се даде гол на голман кој е двометраш“ објасни Буфон.

ПретходноИнтервју со Арбтрим Ќира: Струга ТЛ имаше година за паметење, во оваа 2024 посакуваме нова титула!
СледноДијамантот со нов дрес во новата година, од утре на подготовки со Лајпциг! (ФОТО)