Еуфорија под Шара:Чинари и компанија пресилни за Вардар…еве како изгледа табелата!

1054

Попладнево под Шара се одигра 65. “црвено – црно“ дерби во кое Шкендија со 3:0 успеа да слави над својот лут ривал, тимот на Вардар.

Можеше да биде и 4:0 ако Тотре погодеше од белата точка, но можеше и Вардар да дојде барем до еден гол ако се знае дека имаше две добри шанси преку Алтипармаковски и Омерагиќ.

Се на се заслужена победа на двојниот стрелец Чинари и компанија за еуфорија кај домашните фанови, кај “Балистите“ кои најмногу се радуваат на победа над Вардар.

Ова беше 17 меѓусебен меч во низа на кој Вардар не успеа да слави над Шкендија.

Откако завршија сите шест средби од 21.коло да ја погледнеме и табелата во ПМФЛ.

ТАБЕЛА

Шкупи 43, Струга ТЛ 42, Шкендија 42, Силекс 29, Гостивар 29, Работнички 27, Брера 26, Тиквеш 26, Воска 24, Вардар 21, Брегалница 20 и Македонија ЃП 18.

ПретходноПМФЛ: Шкендија знае како против Вардар, Работнички и Гостивар убедливи, шампионот со бод од Кратово, Тиквеш до реми на Чаир, Воска славеше во Ѓорче! (ВИДЕО)
СледноМагија на Гандо, Работнички покажа сила! (ФОТО)