Работнички е сосема поинаков тим кога игра на Арената „Тодор Проески“. Работнички на Гоце Седлоски попладнево покажа сила и со 2:0 успеа да слави над Брегалница, која сега е во “длабокото“ и тоа како во битката за опстанок.
Сепак во преден план беше Гандо Биала кој на магичен начин, со “ножички“ во 45.минута постигна гол за водство од 1:0. Во продолжение од средбата Рашид ги постави конечните 2:0.
Секако дека овој Работнички е далеку од тоа да се бори за опстанок.
























