Седлоски: Горд сум на овие млади момци, Работнички заслужено победи!

548

Работнички по неколку месеци се врати на Арената “Тодор Проески“ и веднаш победи и тоа против Брегалница со 2:0. Добра игра, но и Брегалница имаше свои шанси.

Сепак на крајот генерално стратегот на победничкиот тим, Гоце Седлоски, беше задоволен и за “СпортСпорт“ истакна:

Тежок меч против квалитетен противник, не смееме да заборавиме дека и Брегалница си имаше свои можности, ја погоди и стативата. Сепак се на се мислам дека заслужено победивме посебно ако се знае дека и на овој меч шанса добија неколку млади наши играчи, на кои јас сум горд како одиграа. Сега ни останува да се подготвиме за мечот со Вардар во среда“ изјави Седлоски.

ПретходноБаер на +10 од Баерн – победа во Келн и подобрување на рекордот без пораз!
СледноНема двојна радост во Аеродром: Куп пехарот во рацете на Баскет Кам!