Шкендија по првите 45.минута на големото дерби со Вардар има убедливо водство од 2:0 на свој терен под Шара. Чинари е централна фигура на мечот, стрелец на двата гола, прво во 34.минута, а во 39.минута вистинско ремек дело за 2:0. Треба да се каже дека домашните преку Тотре во 23.минута не реализираше пенал, ја погоди пречката. Вардар преку Алтипармаковски и Омерагиќ во два наврати опасно се закани.
Гандо Биала му донесе водство на Работнички против Брегалница со мајсторски гол, со “ножички“ за 1:0.
Во Ѓорче домашните и Воска играат 1:1, поведоа “лавовите“ со голот на Фазли за да Стијеповиќ израмни.
На останатите средби Силекс – Струга ТЛ, Гостивар – Брера и Шкупи – Тиквеш на пауза се замина со тие 0:0.















