Попладнево под Шара се одигра 65. “црвено – црно“ дерби во кое Шкендија со 3:0 успеа да слави над својот лут ривал, тимот на Вардар.
Можеше да биде и 4:0 ако Тотре погодеше од белата точка, но можеше и Вардар да дојде барем до еден гол ако се знае дека имаше две добри шанси преку Алтипармаковски и Омерагиќ.
Се на се заслужена победа на двојниот стрелец Чинари и компанија за еуфорија кај домашните фанови, кај “Балистите“ кои најмногу се радуваат на победа над Вардар.
Ова беше 17 меѓусебен меч во низа на кој Вардар не успеа да слави над Шкендија.
Откако завршија сите шест средби од 21.коло да ја погледнеме и табелата во ПМФЛ.
ТАБЕЛА
Шкупи 43, Струга ТЛ 42, Шкендија 42, Силекс 29, Гостивар 29, Работнички 27, Брера 26, Тиквеш 26, Воска 24, Вардар 21, Брегалница 20 и Македонија ЃП 18.















