Милевски: Ако Македонија во иднина изгледа вака – ќе бидам среќен!

2770

Македонската фудбалска репрезентација на вториот пријателски натпревар во Анталија беше поразена со 1-0. Иако неговите избраници не дојдоа до победа, сепак селекторот Благоја Милевски по оваа средба имаше повеќе причина за задоволство, отколку за незадоволство. Сем резултатот, останатото го радува.

„Прекините се проблем, работиме на тоа, денеска пробавме да промениме поставеноста во дефанзива, на тие дефазивни корнери игравме зона. Сепак се случуваат такви нешта ќе работиме уште на тој сегмент.

Морам да изразам задоволство од начинот на кој играше Македонија, доминираше во сите сегменти во играта, но за жал тие шанси што ги имавме посебно во првото полувреме не ги искористивме. Фудбалерите исполнија се што побарав од нив, дури и повеќе од тоа. Морам да бидам задоволен од тоа што го видов. Македонија одигра квалитетен меч со сериозен противник како Црна Гора.

Имавме доста промени во тактиката, за разлика со Молдавија. Поставеноста на играчите и движењта. Ако Македонија изгледа вака како денеска ќе бидам среќен, секако ако го тргнеме резултатот, кој е најважен, секако не на овие контролни мечеви“, изјави Благоја Милевски. 

ПретходноМега со фантастичен финиш ја победи Звезда!
СледноХаланд бара големи промени во фудбалот