10-ти април, датум кој треба да го сочуваат навивачите на МЗТ Скопје

605

МЗТ Скопје не ја искористи шансата по полесниот пат да се врати во елитното јадранско натпреварување. На последниот меч од регуларниот дел од сезоната беше поразен од Широки со 79-82, пресметка во која тргна лошо, а потоа се разбуди, но недоволно за победа.

Македонскиот првак токму против истиот противник ќе игра во четвртфиналето на плеј-офот во АБА2-лига. Ова ќе биде шанса за реванш. Се игра според принципот дома-гости, а веќе се познати и датумите на двата натпревари.

МЗТ Скопје е домаќин на првата средба, истата е закажана на 10-ти април, додека пак реваншот се игра на 17-ти истиот месец.

Навивачите на тимот од Аеродром за првпат оваа сезона ќе имаат шанса да ги бодрат своите миленици на меч од АБА2-лига, па очекувањата се дека во СЦ „Јане Сандански“ ќе има поголема бројка на трибините од вообичаено.

ПретходноАлкараз завери осминафинале во Мајами, изненадување кај дамите
СледноМашката и женската репрезентација ќе добијат исти премии, Купот на Македонија се враќа во Скопје!