Работнички направи „брејк“ уште на стартот на женското финале

137

Актуелниот шампион во женска конкуренција, екипата на Работнички, тргна со голема победа на гости кај Струмица во првиот финален меч од плеј-офот.

СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ     0:3 (24:26, 23:25, 17:25)

Попладнево, лидерот во регуларниот дел од сезоната, екипата на Струмица, не успеа да ја искористи првата средба на домашен терен и дозволи скопскиот тим да тргне со победа во серијата која се игра до три победи.

Во првите два сета видовме крајно неизвесна и израмнета борба, која на крајот и во двата сличаи им припадна на гостинките. Работнички првиот сет го доби на разлика, а во вториот искорист сет-топка за водство и од 2:0. Струмица како да падна комплетно во третиот сет и не успеа да подготви евенутален пресврт.

Одличен меч за Работнички одигра коректорката Јузгенч, која средбата ја заврши со 17 поени, додека Николова имаше 11. Кај домашните одбојкарки Здјелар со 9 поени беше најдобра поентерка.

Вториот меч од финалната серија е на програмата веќе в среда во Скопје.

ПретходноТрајковски погоди, но Хајдук повторно поразен (ВИДЕО)
СледноЈуниорите освоија сет против Грција во последниот меч од квалификациите