ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Трајче Сенев (Брегалница)

622

Горан Станиќ со Работнички го доби соседското дерби со Вардар, Јетон Беќири и неговата Шкендија го демолираа Силекс, но сепак според „СпортСпорт“, тренер на ова 27.коло е Трајче Сенев од Брегалница.

Вчера во Струга домашниот тим на Струга ТЛ иако важеше за голем фаворит просто се тресеше до таа 86.минута кога Бесарт Ибраими од пенал израмни на 2:2. Брегалница водеше со 1:2 и беше на прагот на уште една сензација откако во минатото коло го победи Шкупи.

Сенев има одличен старт како нов стратег на “сините“. Два меча и тоа против првите две екипи на табелата и 4 бода, за малку ќе беа сите 6, но ете, тоа е фудбалот.

Па така сега Брегалница си ги врати своите шанси во битката за опстанок.

ПретходноШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс
СледноШпетим Дуро: Добро е што освоивме барем бод!