Помошникот на Клоп ќе биде нов тренер на Бешикташ?

158

Помошникот на Јирген Клоп во Ливерпул, Пеп Линдерс е една од опциите за нов тренер на Бешикташ, пренесуваат турските медиуми. „Црните орли“ се во потрага по нов тренер за претстојната сезона откако го отпуштија Фернандо Сантос.

Турските гиганти имаа многу слаба сезона во која сменија дури четворица тренери, а сега сезоната ќе ја заврши тренер од младиснката школа.

Пеп Линдерс ќе го напушти Ливерпул заедно со Клоп на крајот од актуелната кампања, но тој наводно веќе има понуда и од Ајакс.

ПретходноАнчелоти до детали ја проучувал тактиката на Арсенал од последниот меч со Сити
СледноИ тоа го видовме: Тениски меч прекинат поради снег! (ВИДЕО)