Дуплантис повторно го собори светскиот рекорд!

904

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап. Тој прескокна 6,24 метри на Дијамантската лига в о Сјамен со што го подобри светскиот рекорд кој претходно го постави самиот.
Со тоа Швеѓанецот на неверојатен начин ја отвори новата сезона, а подвигот го направи уште во првиот скок на стадионот Егрет. Дуплантис е актуелен олимписки, двоен светски и европски шампион.
Второто место го освои Американецот Сем Хендрикс со личен рекорд од 5,82 метри, а трет заврши Кинезот Бокаи Хуанг со 5,72 метри.

ПретходноТепачка на навивачи пред Вечното дерби – полицијата ги уапси хулиганите (видео)
СледноФК Вардар со соопштение: Историјата ќе памети кој го избрка Вардар од Градски!