Надал за настапот на Ролан Гарос: Ако не можам да играм, нема да се мачам!

108

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал изјави дека ќе игра на Отвореното првенство на Франција, популарниот Ролан Гарос, само ако се чувствува „доволно способен да се натпреварува на највисоко ниво“.

14-кратниот шампион на Ролан Гарос призна дека доколку парискиот турнир започне денес, тој нема да може да учествува, но вети дека ќе продолжи да се бори за шанса да игра на својот омилен турнир од Грен Слем серијата барем за последен пат.

„Не знам што ќе се случи во следните три недели. Ќе продолжам да се борам и да ги правам работите што верувам дека треба да ги правам за да можам да се обидам да играм во Париз. Ако можам да играа ќе играм, ако не можам, нема да се мачам“, изјави поранешниот светски рекет број 1 пред новинарите кои ги следат случувањата на Мадрид опен.

ПретходноКарагер: Салах не личи на себе!
СледноМората има големи болки, ќе мора на операција