Коментар на 30.коло: Еве зошто Дуро мораше да си оди од Струга ТЛ!

3979

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Лани ова време Струга ТЛ со Шпетим Дуро ја славеше својата прва, историска титула. Стратегот од Албанија ја презеде екипата како прва на 13 кола до крајот со +2 бода, а ја заврши сезоната со +10 бода. Под негово водство Струга ТЛ имаше и одличен настап во Европа, малку недостигаше да игра и во групната фаза во Лигата на Конференции.

Но, тоа е минато. А оваа пролет, иако шампионот и натаму има добри шанси за нова титула, сепак во последните пет средби беше далеку од своето ниво. Несфатливо е како од можни 15 бода да се освојат само 4, и со тоа да ја “вратиш“ во игра Шкендија а да не му избегаш на Шкупи кој исто така игра под своето ниво.

Денеска Струга ТЛ и Дуро се разделија. Логичен потег по тие пет последни средби во ПМФЛ кога се решава прашањето за титулата.

Вардар (0:1), Брегалница (2:2), Македонија ЃП (1:0), Силекс (2:3), Тиквеш (2:3). Пет средби, само една победа, три порази и едно реми. Освоени се само 4 од можни 15 бода. А шампионот водеше со Брегалница, со Силекс дури 2:0, па со Тиквеш 2:1 и ниту еднаш не победи, затоа сите се прашуваат како може еден така искусен тим со искусен тренер да си дозволи такво нешто.

Токму затоа се очекува ова да се поправи само со шок терапија, затоа и со Дури дојде до разделба. Еве зошто Дуро мораше да си оди од Струга ТЛ.

Меритон Гега, новиот тренер кој е назначен за последните три кола, ги знае играчите, знае што треба, досегашен прв асистент на Дуро.

Дали ова ќе успее со освојување на нова титула останува да се види. Сега Струга ТЛ не е прва, има ист број бодови со лидерот Шкендија и со третиот Шкупи.

Во последните три кола овие три екипи играат секој со секого, и тука ќе се решава прашањето кој ќе биде шампион на Македонија.

Ако битката за титулата уште повеќе се вжештува, тогаш битката за опстанок како да е готова.

Речиси сигурно Брегалница и Македонија ЃП следната сезона ќе играат во Втора лига, а Вардар пак ќе мора преку бараж, против Детонит, да се бори и следната 2024/25 сезона да игра во елитата.

ПретходноПроблем за ПСЖ и за Франција – Ернандез паузира шест месеци
СледноВардар 1961 дури во последните пет минути успеа го урне Алкалоид