Иако беше голема желба на Партизан, сепак нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано. Ова попладнево го пишуваат медиумите во Италија, а како ексклузивно го објави познатиот италијански новинар Андреа Калцони.
Тој објави и тоа дека договорот меѓу Нено и Олимпија ќе биде на три години. Утринава се знаеше дека во игра е и Виртус Болоња, но сепак тимот од Милано успел да го “зграпчи“ фантастичниот македонски кошаркар.