Италија со Галинари ќе брка виза за настап на ЛОИ во Париз

103

Кошаркарската репрезентација на Италија ја очекуваат квалификациите за да избори учество на Олимписките игри во Париз ова лето. Селекторот Џанмарко Поцеко го објави прелиминарниот список од 30 играчи за подготовките пред патувањето на турнирот во Порторико.

Италија е во група со домаќинот и Бахреин. Двете првопласирани селекции од секоја група ќе се пласираат во следната фаза, каде ќе се сретнат со првите две селекции од групата во која се Литванија, Брегот на Слоновата Коска и Мексико. Пласман на Олимпијадата ќе обезбеди само првопласираната репрезентација.

Важно е да се спомене дека во списокот на Италија е и Данило Галинари, додека Симоне Фонтекио и Габриеле Прочида не се вклучени поради повреди.

ПретходноПлатини: Чеферин и Инфантино се никој и ништо, фудбалот е во рацете на тренери опседнати со тактика
СледноПочна продажбата на билети за СП 2025: Дневна карта за Македонија 50 евра!