Во првиот натпревар од квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз, Хрватска во Пиреја ја декласира Словенија на Лука Дончиќ со 108:92 и направи огромен чекор кон полуфиналето на турнирот.
Дончиќ имаше трипл-дабл од 26 поени, 11 скока и 10 асистенции, но и имаше 8/23 од поле. Тој на прес-конференцијата рече дека бил шокиран кога ја видел неговата статистика.
„Ја видов мојата статистика, мојот процент на шут. Страшно. Морам да играм многу подобро од ова. Мислам дека Хрватска одигра одлично. Не надиграа. Одбраната не ни беше добра. Моравме да играме многу подобра одбрана, почнувајќи од мене. Мора да играме многу подобро од ова и мора да играме со многу повеќе енергија”, рече еден од најдобрите кошаркари на светот кој му се заблагодари на својот Далас што му дозволи да игра за Словенија веднаш по финалето на НБА.