Најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, ФК Вардар денеска го прославува својот 77-ми роденден. Овој голем ден за „црвено-црното“ семејство беше прославен во Раденци. Експедицијата на Вардар со торта и специјален дрес ги одбележа 77-те години од постоењето.
Во рамките на роденденската прослава, македонскиот тим утре ќе одигра пријателски натпревар против Динамо Загреб на „Максимир“.