Долгиот „јазик“ може скапо да ги чини: УЕФА покрена дисциплинска против двајца Шпанци

142

УЕФА покрена дисциплинска постапка и истрага против шпанските репрезентативци Алваро Мората и Родриго. Мората, капитенот на шпанската репрезентација која ја освои титулата победник на ЕП и најдобриот играч на првенството Родри се обвинети за недолично однесување во Мадрид, на прославата на шампионската титула. Во занес и славење, шпанското дуо пееше „Гибралтар е шпански“, поради што Фудбалскиот сојуз на Гибралтар поднесе официјална жалба до УЕФА.

УЕФА назначи дисциплински инспектор да процени дали Мората и Родри ги прекршиле правилата и колку, додека двајцата, како и Шпанската фудбалска федерација, имаат рок од две недели да поднесат жалба и потенцијално да избегнат казна. Официјално, Мората и Родри се обвинети за кршење на стандардите за пристојно однесување, дискредитација на фудбалот како спорт и користење на спортски настани за неспортски дејствија.

Гибралтар е прекуокеанска територија на Обединетото Кралство со 33.000 жители на југот на Шпанија, за која Лондон и Мадрид се расправаат со децении. Шпанија никогаш не престана да бара Гибралтар, но во 1967 година нејзините жители на референдум гласаа да останат под власта на Обединетото Кралство.

Две години подоцна Гибралтар доби нов устав и поголема автономија. Во 1991 и 1997 година, Шпанија и предложи на Велика Британија заеднички суверенитет за Гибралтар, но тој предлог беше одбиен.

ПретходноЛК: Струга ТЛ на мегдан со Пјуник за продолжување на европското лето!
СледноДвајца Македонци ги подготвуваа олимпијците на најбројната светска нација