Ограбена фудбалската легенда среде Париз, останал без 500.000 евра!

876

Легендарниот бразилски фудбалер Зико е ограбен во четвртокот вечерта во Париз, каде е член на делегацијата на својата земја на Олимписките игри.

Зико излегол од хотелот со такси носејќи часовник Ролекс, дијамантски ланче и сметки во актовка. Разбојниците го надмудриле и него и таксистот.

Додека едно лице му го одвлекувало вниманието на таксистот, друго украло актовка од задниот дел на возилото. На крајот се проценува дека куферот, односно работите во него, вредел околу 500.000 евра.

Француските власти веднаш започнаа истрага за лоцирање на сторителите. Истрагата ја води Француската бригада за сузбивање на грабежот, пренесува Le Parisien.

Зико важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Неговата кариера, која траеше од почетокот на 1970-тите до почетокот на 1990-тите, а клубот во кој се прослави беше Фламенго.

ПретходноНе успеа да влезе во НБА, па потпиша за Пелистер
СледноАнета Павловска од Париз: Го живеам својот сон!