Ждрепката за ВМФЛ ќе се одржи во понеделник!

128

Познато е дека сезоната во Втората лига стартува на 17 август. Една недела по ПМФЛ. Како што информираат од Фудбалската федерација на Македонија, ждрепката, односно влечење на двојките за комплетниот распоред за сезоната 2024/25 ќе се одржи во понеделник (5 август) во простриите на ФФМ со почеток во 13 часот.

Инаку ова се екипите кои ќе настапуваат во новата сезона во ВМФЛ:

Македонија ЃП, Брегалница, Детонит, Арсими, Охрид, Беласица, Вардар (Н), Башкими, Скопје, Кожув, Новаци, Осогово, Саса, Победа, Борец и Вардарски.

Исто како и минатата сезоа, првите две на табелата на крајот се пласираат директно во ПМФЛ, третата ќе игра бараж за пласман во ПМФЛ со десеттата екипа од елитата, последните две екипи на табелата испаѓаат во Трета лига, тимот кој што ќе се најде на 14.место, ќе игра бараж за опстанок во ВМФЛ.

ПретходноАлександар Мишов и официјално во Туран
СледноШпанија се врати во живот по шведската лекција