Турскиот олимпиец Јусуф Дикец поради стилот на пукање стана хит на социјалните мрежи. Тој настапи во микс парови во дисциплината воздушен пиштол на десет метри и освои сребрен медал.
Овој 51-годишен стрелец и неговата партнерка Севала Илајда Тархан се поразени во финалето, но имиџот на Дикец е интересен.
Тој настапи неверојано опуштен за финален меч без типична опрема за овој спорт, значи без специјализирани очила и без заштита за уши и со едната рака во џебот.
Повеќето стрелци користат заштита за уши за време на пукања и наочари кои го покриваат едното око за натпреварувачите да не морат да го држат затворено. Но не и кај Дикец кој беше навистина кул.
„Ова сигурно е обучен убиец“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку ова се петти ОИ за Дикец.