Во крајно неидеални услови за атлетика поради дождот, Жулиен Алфред го освои златниот медал во финалето на 100 метри. Алфред беше прва од почетокот до самиот крај, не им дозволи на противничките да размислуваат на било каква шанса.
За нејзината земја Сент Луциа ова е прв медал во било кој спорт, до него дојде со рекод од 10.72.
Ричардсон го освои сребрениот медал (10.87), додека Џедерсон стигна до бронзата (10.92).
Сосема очекувано Алфред имаше измешани чувства, солзи и среќа. Сент Луција, овој остров – држава има 160.000 жители.