Најдобриот играч на репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Париз, искусниот Леброн Џејмс зборуваше пред полуфиналната пресметка со Србија.
Иако неговиот национален тим убедливо двапати за краток период ги совлада „орлите“, асот на Лејкерси повикува на внимателност.
„Секој натпревар е посебен тест. Без разлика на тоа што се случуваше во првите два меча, важно е само она што ќе се случи во четврток навечер“, изјави Леброн.
Тој бара максимален фокус пред натпреварот.
„Треба да се затвориме во салата за состаноци и да гледаме снимка, за да бидеме подготвени за она што следува“, рече Леброн.
Вечерва од 21 часот на програмата е натпреварот Србија – Америка. Пред оваа средба во првото полуфинале ќе се сретнат Франција и Германија.










