Откако беше уапсен додека купуваше кокаин порача: Сите ги посрамотив!

1028

Австралискиот хокеар Том Крег е уапсен откако се обидел да купи кокаин на улиците на Париз. Олимпиецот, кој се натпреварува во хокеј на трева, ја посарамоти својата земја на најголемото спортско натпреварување, Олимписките игри во Париз и многу брзо беше ослободен од притвор, по што се обрати до јавноста и им се извини на сите соиграчи и семејството.

Долгогодишниот репрезентативец на Австралија кој има повеќе од 100 натпревари за репрезентацијата, застана пред камерите со наведната глава:

„Прво би сакал да се извинам за се што се случи во последните 24 часа, направив страшна грешка, ја преземам целосната одговорност.“, изјави Том Крег, зборувајќи за медиумите, а исто така сакаше да го тргне притисокот од своите најблиски.

„Моите постапки се мои и на ниту еден начин не ги одразуваат вредностите што ги претставуваат моето семејство, моите соиграчи, пријателите, како и мојот спорт и австралискиот олимписки тим. Сите ги посрамотив, многу ми е жал“, додаде покајниот хокеар.

ПретходноОткако ја расплака Велика Британија, позната е следната противничка на Рељиќ
СледноСудии за ПМФЛ: Качевски ќе суди во Струмица, Пилешков “главен“ на „Супер Купот“!