Беса преговара со Акраповиќ

431

Клупското раководство на Беса е во потрага по нов тренер, по заминувањето на Александар Таневски, па денеска веќе се појавија неколку имиња како кандидати за тренеското столче. Опен-ТВ пишува дека од Беса се во сериозни разговори со тренерот Бруно Акраповиќ, кој е поранешен тренер на Шкендија од Тетово.

Последен клуб на Акраповиќ беше шампионот на БиХ Железничар од Сараево, со кој се раздели во април годинава поради слабите резултати.

56-годишниот тренер беше на кормилото на Шкендија во два периода, прво во сезоната 2015/16, а потоа и во сезоната 2021/22.

ПретходноМесто пријателски, мечот ТФТ – Чаир прекинат поради масовна тепачка
СледноКФСМ најави соодветни казни за актерите во тепачката на мечот ТФТ – Чаир