Скандал и брука. Се играше 90+2.минута кога евидентно Додев беше во офсајд, помошниот судија го крена знаменцето е главниот судија Пилешков ја прифати таа одлука. Место мечот да заврши со тие 0:0, почна драмата. Пилешков дотрча до помошниот судија, неколку минути се консултираа и донеса погрешна одлука, го признаа голот на Додев за победа на Силекс.
Инаку правилото вели дека ако топката ненамерно удри од играч на Вардар, а тоа ретко се случува, но вечерва се случи, тогаш тоа е офсајд.
Исто така при шутот првиот шут на Силекс, Додев беше во класичен офсајд и тогаш акцијата требаше да се прекине, а да не говориме дека Додев во тој момент беше во офсајд.
Ретко видена ситуаација која ете скандалозно заврши со брука по која Вардар е ОГРАБЕН!