Бањаја победи во спринтот за ГН на Јапонија!

32

Франческо Пеко Бањаја победи на спринтот во Мото ГП за ГН на Јапонија на патеката Мотеги. Актуелниот шампион во супер интересна трка со оваа победа ја намали разликата во генералниот пласман во однос на Хорхе Мартин.

Италијанецот славеше пред својот сонародник Енеја Бастијанини и Марк Маркес, додека Мартин беше четврти. Пеко имаше голема предност, но пред последниот круг конкурентите успеаја да го стигнат, сепак тој успеа како прв да ја мине целта.

Трагичарот на трката, кој квалификациите ги заврши како прв е Педро Акоста, кој имаше голема предност на четири круга до крајот, но ја загуби контролата и падна.

Трката за ГН на Јапонија се вози утре со почеток од 7 часот.

ПретходноСтартува новата сезона во Првата лига: МЗТ Скопје оди по нов трофеј, шампионот е најголем фаворит!
СледноТрагедија: Шестгодишно дете починало на фудбалски тренинг!