По допинг скандалот и пауза од 4 години Јаноне се враќа во Мото ГП шампионатот

215

Италијанскиот мотоциклист Андреа Јаноне ќе го замени сонародникот Фабио ди Џанантонио во екипата ВР46 на претстојната трка за Големата награда на Малезија во Мото ГП шампионатот.
Во соопштението на клубот се наведува дека Ди Џанантонио ќе се врати во Рим каде што оваа недела ќе го оперира левото рамо.
Јаноне во Мото ГП шампионатот настапуваше од 2013 до 2019 година, а оствари една победа. Потоа беше суспендиран на 18 месеци поради што бил позитивен на допинг тест. Судот за спортска арбитража во Лозана по вложената жалба на Светската антидопинг агенција одлучи да го суспендира италијанскиот мотоциклист на четири години.
По истекот на суспензијата Јаноне му се приклучи на Светскиот супербајк шампионат и моментално се наоѓа на осмото место во генералниот пласман.
Трката за ГН на Малезија ќе се одржи на 3 ноември.

ПретходноИвановски елиминиран од турнирот во Братислава
СледноФОТО НА КОЛОТО: Најдовски и Мицевски од “северна“ го бодреа својот Вардар!