ФОТО НА КОЛОТО: Ване не сакаше да се радува на голот, ама сепак се израдува на победата!

733

Се играше 66.минута под Шара, кога на средбата меѓу Шкендија и Брера, при резултат 3:2 за тетовци, Ване Крстевски постигна убав гол за домашните. Додека неговите соиграчи и тоа како еуфорично го прославија водството од 4:2, тој покажа со рацете дека не сака преголема радост зошто Брера сепак е негов довчерашен тим. Коректно и спортски од младинскиот репрезентативец на Македонија, така тоа го прават спортсмените.

Сепак Ване и се израдува на победа на Шкендија, коректно и спортски, докажувајќи дека е глем професионалец и дека го респектира и почитува неговиот сегашен клуб.

Да кажеме дека на крајот резултатот гласеше 4:3 за Шкендија.

ПретходноАртета крајно разочаран по поразот од Челзи: Треба да „покажеме заби“
СледноБесар Гуџуфи ќе игра за Албанија