Пелистер по реванш во Сомбор: Лекцијата ја научивме!

65

Кошаркарите на Пелистер оптимистички расположени го очекуваат денешниот дуел во Сомбор против екипата на Џокер (18 часот) во рамките од четвртото коло од АБА2 лигата.

Пелистер има скор 1-2 по несреќните порази од Подгорица и Џокер во претходните две рунди, српскиот тим пак има максимални 3-0, но тоа е само мотив повеќе за тренерот Александар Петровиќ и неговите избраници со добра игра вечерва во Сомбор да му го нанесат првиот пораз во АБА2 на клубот зад кој стои најдобриот светски кошаркар, Никола Јокиќ.

„Извлековме поуки од првиот меч, скокот одлучи во тој дуел. Ако го исконтролираме тој дел од играта и ја спречиме нивната транзиција, имаме шанса за добра игра и се надеваме на победа. Атмосферата во соблекувалната е одлична, имаме мотиви за победа, овој натпревар многу ни значи. Повторно имаме проблеми, нема да може да настапат Бојиќ и Бошалевски, но нема да бараме алиби, подготвени сме да одиграме добар меч и ако ни се укаже можност да славиме победа“, изјави тренерот Александар Петровиќ.

По овој дуел, Пелистер го очекуваат уште две средби до крајот на првата групна фаза, гостувањето во Широки Бријег на 4 декември и дуелот на домашен терен со Подгорица закажан за 19 декември.

ПретходноШто вели календарот во Евролига околу настапот на Димитријевиќ и Шортс против Литванија?
СледноДури осум играчи и откажаа на Англија